Пиварница се гради во највинарскиот крај

Bez autora
Jan 12 2014

Пиварница се гради под Kожув, во кавадаречкото село Мрежичко, а Kавадарци, освен град на виното, ќе стане и град на пивото. Информацијата ја потврди Митко Јанчев, сопственик на компанијата „Kожувчанка“. Да, точно е. Пиварница се гради и во април го очекуваме првото производство. Ќе почнеме со производство на 5 милиони литри за почеток за да стекнеме искуство во оваа работа, која е нова за нас, и да се согледаат состојбите за самата продажба на готовиот производ. Доколку с`оди според планот и предизвикаме интерес со нашето пиво и тргне продажбата, најавуваме и поголема пиварница во градот Kавадарци со капацитет од 25 милиони литри. Таа би била изградена за две-три години. За почеток, предвидуваме околу 25 вработувања, а за неколку години и стотина, откри Јанчев.

Пиварница се гради во највинарскиот крајПиварница се гради под Kожув, во кавадаречкото село Мрежичко, а Kавадарци, освен град на виното, ќе стане и град на пивото, дознава „Дневник“. Информацијата ја потврди Митко Јанчев, сопственик на компанијата „Kожувчанка“.

- Да, точно е. Пиварница се гради и во април го очекуваме првото производство. Ќе почнеме со производство на 5 милиони литри за почеток за да стекнеме искуство во оваа работа, која е нова за нас, и да се согледаат состојбите за самата продажба на готовиот производ. Доколку с`оди според планот и предизвикаме интерес со нашето пиво и тргне продажбата, најавуваме и поголема пиварница во градот Kавадарци со капацитет од 25 милиони литри. Таа би била изградена за две-три години. За почеток, предвидуваме околу 25 вработувања, а за неколку години и стотина - откри Јанчев.

Тој кажа дека ќе се прави пиво по германска лиценца, но брендот и името ќе бидат македонски, наменети за македонскиот пазар. Новиот пијалак ќе го носи името „македонско пиво“. Репроматеријалите и сите дополнителни суровини ќе се увезуваат од Германија. Фабриката за пиво ќе биде во поранешните простории на фабриката за вода „Римјанка“, кои ќе бидат проширени.

- Во овој бизнис вложуваме сопствени пари, но имаме и партнер од Германија. Првичната инвестиција во Мрежичко ќе чини приближно милион и двесте илјади евра. Новото пиво први ќе имаат можност да го пробаат кавадарчани. Ќе биде полесно пастеризирано и со висок квалитет, нема да биде само хемија. Најавувам уникатен вкус, во кој ќе може да се ужива - рече сопственикот на компанијата, која произведува вода, а ја има и лиценцата за „синалко“ во Македонија.

Го прашавме дали пивото произведено под Kожув ќе биде конкуренција за винарите со оглед на тоа што пиварницата никнува во највинарскиот крај на државата.

- Нашата пиварница ќе биде конкуренција на пиварите. Во неа на посебен начин ќе се негува пивото со цел тоа да биде што повеќе барано на пазарот - рече Јанчев.

Тој го сподели со нас коментарот на Германците дека Македонците многу малку пијат пиво, околу 35 литри на жител. Во Германија се пие по 140 литри по човек.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik